img

Добредојдовте воМонЖан

„Најефективното образование е кога детето си игра меѓу прекрасни работи.“ – Платон

Оваа изрека на големиот филозоф Платон е мотото по кое се водиме во нашето работење.

„Мон жан“ е семеен бизнис кој неодамна прослави 25 години од своето основање. Ланецот продавници нуди детски играчки за секоја возраст, бебешка опрема, велосипеди и тротинети, како и избор на парфеми, новчаници и ташнички. Ние знаеме колку е важно вашето најмило да има безбедни, соодветни и прекрасни играчки кои притоа ќе се прилагодени на неговата возраст.

0

Продавници

0+

Производи

0

Години искуство

Играта е богатство за децата.

За бебиња и дечиња до една година нудиме играчки со пријатни звуци што смируваат, облик погоден за фаќање и меки делови што се безбедни, а во исто време ги предизвикуваат дечињата да ги следат со поглед, да пружат рака и да ги фатат. Освен играчки, кај нас ќе најдете и се што ви е потребно од областа на бебешка и детска опрема, како колички, релаксатори, креветчиња, џампери и слично.

За малку поголемите генијалци нудиме играчки што ќе ги задоволат сите потреби на детето за движење, возење, туркање, влечење, склопување и сложување, како и симболични игри со кои детето ги имитира постапките на возрасните. Секогаш се грижиме играчките да го поттикнат интелектуалниот, моторниот и говорно-јазичниот развој на децата.

Што нудиме

Бебешка опрема
Играчки за деца
Електрични возила
Трицикли и велосипеди
Call Now Button